Muhammed Bilal Kenasari
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Стејт Департментот соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ја суспендираа финансиската помош на Палестина во вредност од 65 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските власти бараат од Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA), која располага со финансиски средства, да преземе темелни промени.
Гласноговорничката Хедер Науерт на дневната конференција за медиуми рече дека САД од предвидените 125 милиони долари за помош на Палестина суспендираше 65 милиони.
Напомена дека спомнатата финансиска помош сепак не е потполно укината.
„САД очекува да бидат направени одредени измени", рече Науерт.
Нагласи дека се суспендирани 65 милиони долари, додаваји дека преостанатите 60 милони ќе бидат испратени на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA), за да сепак не остане без парични средства.
Истакна дека оваа одлука не е поврзана со гласањето во ОН за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп со која Ерусалим (Кудс) е прогласен за главен град на Израел.