Lokman İlhan
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
БОГОТА (АА) - Воен хеликоптер се урна во руралното подрачје на колумбискиот град Сеговија, во департманот Антиокија, при што животот го загубија 10 лица, од кои 8 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, преку социјалните мрежи изрази жалење поради нереќата и упати сочуство до семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа.
Од друга страна, колумбискиот министер за одбрана, Луис Карлос Вилегас, исто така преку социјалните мрежи соопшти дека безбедносните сили со хеликоптери пристигнале на местото на настанот. Вилегас нагласи дека започната е истрага за откривање на причината за несреќата.
Локалните медиуми велат дека урнатиот хеликоптер бил од типот MI17.