Ivana Ramadanova
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во склоп на Петнаесеттата есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) што до 2 октомври ќе се одржува во Скопје, се оддржа сесија посветена на Доброто владеење како основа за поттикнување на економскиот развој во регионот на ОБСЕ, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од главните говорници на сесијата, Халил Јурдакул Јигитгуден, координатор на ОБСЕ за економија и животна средина, истакна дека доброто управување и владеење е суштински елемент, како за економскиот развој така и за стабилноста во регионот на ОБСЕ.

Оваа година, форумскиот процес испрати јасна порака. Сакам да изразам благодарност за активното учество и придонесот на Парламентарното собрание. Добрата економија во регионот е од голема важност за мирот, соработката и целосното стимулирање на економскиот развој", истакна Халил Јурдакул Јигитгуден, координатор на ОБСЕ за економија и животна средина.
Зборувајќи за миграцијата, зајакнувањето на мерките за градење доверба и доброто управување во регионот на ОБСЕ, како едни од актуелните теми, Халил Јурдакул Јигитгуден истакна дека е потребно заеднички да се изнајде начин за на вистински и правилен начин да се справиме со приливот на лица.
Тој додаде дека е потребно да се работи со цел миграцијата да стане клучен фактор, додавајќи дека од големо значење е ако се охрабри легалната миграција, а за нелегалната да се вложат напори да се намали или да се изгуби во целост.
Со ваквите стекнати резултати, според Халил Јурдакул Јигитгуден, би се создале услови за поедноставено делување во однос на примање на мигрантите, а истовремено би се олеснил самиот престој на мигрантите.
На 15. Есенска сесија на ОБСЕ учествуваат делегации од 51 земја-учесник во ОБСЕ од Европа, Централна Азија и Северна Америка, и земји-партнери за соработка со ОБСЕ.