İhvan Radoykov
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
СОФИЈА (АА) - Бугарскиот парламент денес го изгласа законот за забрана на носење никаб (вел со кој жените муслиманки го покриваат лицето) на јавни места, јавува Anadolu Agency (AA).
Забраната се однесува на носење облека која покрива дел или лицето во целина. Законот го предложи ултра националистичката партија Патриотски фронт (ПФ), а ја поддржаа пратениците од редот на партијата на десниот центар „Граѓани за развој на Бугарија (ГЕРБ)”.
Казната за непочитување на забраната може да изнесува и до илјада евра.
Меѓутоа, забраната не подразбира носење на маски или други додатоци кои го покриваат лицето поради здравствени причини, работа или спорт. Забраната не подразбира носење на бурка, односно никаб во верските објекти.
Претседателот на партијата ДОСТ, Лутфи Местан, ја критикуваше измената на законот велејќи дека би можела да доведе до општествени проблеми.
- Дел од пратениците ја напуштиja седницата на парламентот -
Претседателот на Движењето за права и слободи (ДПС), Мустафа Карадај, изјави дека одговорност кон општеството во целина е основна обврска на неговата партија.
„Затоа не учествуваме на гласањето на законот кое го предлагаат радикалните кругови кои ги мразат странците. Не можеме да учествуваме во дискриминација ниту да бидеме соучесници во криминалот”, изјави тој.
Пратениците од редот на ДПС ја напуштија седницата на бугарскиот парламент во пресрет на гласањето за спорниот закон.