Besar Ademi
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, на прес-конференција изјавија дека тие се цврсто против легализација на владините кампањи, кои според нив, не се ништо друго туку корупција на медиумите и воспоставување на контрола врз медиумите преку јавните пари, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Синдикатот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, истакнувајќи дека тие имаат различни информации за содржината на разговорите на политичките партии кои барат престанок на владините кампањи за подолг временски период, побара политичките партии оваа форма на финансирање да ја запрат во корист на слободата на медиумите што е можно побрзо, да не се одложува за наредниот период.
„Ако владата е навистина загрижена за начинот на финансирањето на медиумите, ние не сме против тоа Владата да ги финансира медиумите, но оваа форма на финансирање на медиумите преку владините реклами, што е чиста политичка пропаганда, не е решение”, рече Селмани.
Селмани додаде дека новинарските здруженија нудат субвенции на медиумите, со користење на концептот на Австрија како пример, кој, како што рече, овозможува преку јавните средства на медиумите да им се помогне во обука на новинари, подобрување на квалитетот на медиумскиот производ и воспоставување на политичкиот плурализам во медиумите.
Од друга страна, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите, Тамара Чаушидис, рече дека фактот од реализирањето на финансирањето на медиумите преку владините кампањи покажува дека таму е интересот на оние кои се претставуваат како заштитници на јавниот интерес.
„Јавноста и новинарите на Македонија не го заслужуваат ова. Станува збор за односи на клиентелизам и ако овој начин се легализира преку некој закон за рекламирање, тогаш нема да е ништо друго освен легализирање на клиентелизам каде медиумите ќе се претворат во бизнис за продажба на гласови”, рече Чаушидис.
Разговорите за реформи во медиумите меѓу претставниците на четирите политички партии со посредство на Петар Ванхауте ќе продолжат ден. Ванхауте пред вчерашната средба рече дека не е голем оптимист, но ако се разберат позициите на страните кои се вклучени ќе може да се најде решение за прашањето на медиумите.