????? ??????????
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Во медиумите е потребно системско решавање на проблемите, сметаат од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), со образложение дека новинарите може да имаат економска сигурност, уредни договори, платени прекувремени работни часови и најважно од се, можност да го вратат достоинството во професијата само преку Колективниот договор кој го подготви самиот синдикат, јавува Anadolu Agency (AA).
“Со Колетивниот договор се обидуваме да ги вратиме уредниците во редакцијата да бидат први, а не последни, да дадеме системско решение кога на некои новинари не им се објавуваат трудовите, а потоа се прогласуваат за технолошки вишок со образложение дека не работат доволно, хонораците да не бидат хонорарни соработници подолго од една година, а постарите колеги да не бидат отфрлени туку да бидат ставени во улога на ментори за помладите колеги , вели Тамара Чаусидис”, претседател на ССНМ.
Од синдикатот информираа дека не само што е предвидена заштита на професионалните, материјалите и нематеријалните права на новинарите, вклучувајќи ги и нив како категорија, туку ова претставува една законска рамка која ги опфаќа и останатите вработени во медиумите, фоторепортери, сниматели, техничари, режија, уредници, а е во интерес и на самите сопственици на медиумите бидејќи потпишувајќи го Колективниот имаат можност да им овозможат преку систематизација да работат со квалитетни кадри.
“Она што во последните неколку години се забележува како главен проблем е експлоатацијата на младите новинари, кои долги години работат без да потпишат некаков договор, или најчесто се “заложници ” на несигурни договори од три, шест месеци и една година. Договорот, предвидува да се елиминира оваа аномалија во новинарската фела,” додаде Чаусидис.
Синдикатот додава дека договорот предвидува и правна заштита на новинарот и во случаи на судски предмети во кои се јавува како тужен, или изгубил судски спор извршувајќи ги работните обврски и работодвецот има обврска да го надомести износот на сумата која ќе му се исплаќа на оштетениот.