СКОПЈЕ (АА) - Голем број граѓани во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), се собраа на градскиот плоштад во Скопје со цел да ја изразат поддршката за турскиот народ и за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради обидот за државен удар кој се случи на 15 јули, од страна на една група припадници на турските вооружени сили лојални на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
На вечерашниот собир присуствуваa претставници на турските институции и организации во Република Македонија, меѓу кои амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, координаторот на Турската агеција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тиријаки, директорот на Турскиот културен институт „Јунуз Емре" во Скопје, доц. д-р Мехмет Самсакчи, министри во Владата на Република Македонија, како и бројни личности од јавниот живот.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим во својот говор остро го осуди обидот за државен удар и рече дека предавниците треба во најкраток можен рок да одговараат пред лицето на правдата. Потенцирајќи дека предавниците што го извршија обидот за државен удар се присутни и во Македонија, тој додаде:
„Како синови на Фатих, за нас е грев да им бидеме домаќини на овие предавници. Наша должност е да ги протераме од Румелија, омиленото место на Османлиите“, рече претседателот на МАТУСИТЕБ.
Амбасадорот на Турција во Македонија, Омрур Шолендил, објаснувајќи дека искажаниот став против овој предавнички напад претставува пресвртница во политичката историја на Турција, рече: „Работата на турската држава против делата што имаа за цел да ги поткопаат единството, интегритетот, просперитетот, спокојството и мирот, ќе продолжи со посветеност и решителност“, изјави амбасадорот Шолендил.
Меѓу останатите, говор одржаа и министрите во Владата на Република Македонија Фуркан Чако и Неџдет Мустафа (претседател на Обединетата партија на Ромите во Македонија), универзитетскиот професор Метин Изети и претседателот на Бошњачката културна заедница во Македонија, Џемил Бектовиќ, кои во своите обраќања го осудија обидот за државен удар во Турција и ја искажаа својата поддршка за турскиот народ и за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во рамките на програмата на вечерашниот собир беше и телефонското вклучување на д-р Сердар Чам, кој на граѓаните на собирот во Скопје им се заблагодари за поддршката и предупреди дека припадниците на ФЕТО не се опасност само за Турција, туку и за другите земји во кои делуваат. Големиот број од присутните граѓани носеа турски знамиња и пароли со поддршка на Турција и легитимно избраната турска власт и претседателот Реџеп Таип Ердоган.
МАТУСИТЕБ во претходните денови во Гостивар и во Кичево организираше собири за поддршка на Турција, турскиот народ и турската легитимна власт, на кои присуствуваа стотици граѓани.
news_share_descriptionsubscription_contact
