ГЕВГЕЛИЈА (AA) – Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во придружба на словачкиот премиер на Словачка Роберт Фицо, и словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак, денеска го посетија прифатно транзитинот центар за бегалци на македонската јужна граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетата на прифатниот центар за бегалци, високите функционери ја продолжија кон грчко-македонскиот граничен премин, каде изјавија дека е потребна соработка помеѓу земјите од балканската рута. Во меѓувреме, од другата страна на заштитната оргада бегалците во солзи молат да бидат пуштени да го продолжат нивниот пат.
На прашањето на новинарите како ќе дејствуваат за да ја решат оваа ситуација, поради тоа што во Македонија прифатно транзитниот центар за бегалци е речиси празен а од грчката страна чекаат околу 10.000 бегалци, Спасовски, осврнувајќи се на последниот инцидент помеѓу бегалците и македонската полиција, одговори дека нивната задача е да ја заштитат македонската полиција и Македонија, затоа што не е во ред бегалците да ја напаѓаат македонската полиција.
“Ние го имаме кампот на северот на земјата, кој е полн со бегалци кои не ги прима Србија и кои веќе престојуваат во тој камп. Сакам да истакнам дека нашиот приоритет освен да обезбедиме хуман третман на бегалците, исто така е заштитата на македонската полиција и граѓаните на Република Македонија за да ја чуваме безбедноста и стабилноста на земјата. Јас ги разбирам потребите на бегалците кои сакаат да влезат на територијата на нашата земја, меѓутоа, не ја разбирам потребата да ја нападнат македонската полиција. Во овој дел ние мораме да ги браниме и граѓаните но и македонската полиција", изјави министерот Спасовски.
Министерот Спасовски истакна дека во текот на вчерашниот ден Македонија примила само 300 бегалци, а за наредните денови рече дека оваа бројка ќе зависи од бројот на белгаци кои ќе бидат примени од другите земји долж "балканската рута".
"Македонија има внатрешна економска криза која е многу сериозна и оваа земја не може да прими поголем број на бегалци, кои би можела да ги заджи на нејзина територија, но ќе прими толку колку ќе примат другите земји долж балканската рута", додаде Спасовски.
Од друга стана, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека неговата земја секогаш ќе ја поддржи Македонија во врска со бегалската криза, со помош на персонал, техника, и се друго што ќе биде потребно. Тој додаде дека од денеска на помош на македонската полиција ќе бидат 20 полицајци од Словачка, а доколу биде потребно, во иднина ќе пратат и други.
“Следниот понеделник е самитот на ЕУ и постои голема нервоза за бегалската криза. Сите веруваме дека треба да донесеме европско решение. Но понекогаш нам ни се чини дека европското решение не функционира, можеби билатералната соработка со земјите како што е Македонија, ќе биде мошне значајна" ,изјави Фицо.
news_share_descriptionsubscription_contact
