İlkay Güder
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, турскиот претседател за време на разговорот со Ципрас изразил жалење за жртвите во пожарите, и за катастрофата што се случи во близина на Атина.
Ердоган упати сочуство до грчкиот народ и посака итно оздравување на повредените. Тој рече дека ја споделуваат болката со Грција.
Турскиот претседател нагласи дека Турција е подготвена да ѝ помогне на Грција.