Kubilay Çelik
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, вечерва изјави дека според информациите со кои располага, во терористичкиот напад во Истанбул загинале десет, а повредени се 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според информациите со коишто располагам, еден терорист првин од автоматска пушка Калашњиков отворил оган на влезот на терминалот за меѓународни летови, а потоа го активирал експлозивот на себе. Имаме околу десет загинати и 20 повредени“, рече Боздаг.