İbrahim Aktaş,Elif Öztürk
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Бајрам Козат две децении од својот живот провел како пастир во турскиот град Малатија, а по тоа доаѓа во Истанбул каде станува "шетач на кучиња", пишува Anadolu Agency (AA).
Овој 56-годишник изразил среќа што со професијата "шетач на кучиња" се вратил во деновите кога како пастир чувал овци во родна Малатија. Уште како млад дошол во Истанбул кој во народот е познат како град на "многу можности" . Во една општина работел 21 година и отишол во пензија.
Пред четири години добил понуда да чува кучиња.Козат ја приватил понудата и почнал да заработува така што чува кучиња, кои инаку многу ги сакал. Откако стекнал доверба кај сопственикот на кучињата, бројот на барателите за истата услуга во краток временски период пораснал.
Козат низ најметежниет истанбулски улици ги шета кучињата. Се работи за различни видови кучиња. Козат со кучињата привлекол големо внимание кај домашните и странските туристи. Во разговор за АА појаснува дека шетањето на кучиња не е лесна работа. Меѓутоа, тој вели дека ја сака својата работа и не му е тешко. Истакнува дека многу ги сака животните.
"Во родното место 20 години бев пастир. Секогаш ми остана прашањето дали некогаш можам да се вратам на оваа професија. Сега сум многу среќен. Ги шетам со многу голема љубов", рече тој.
Тој се присети на деновите додека додека ги чувал овците во Малатија.
"Таму во селото чував овци. Ова е Истанбул. Тука ги шеташ животните низ голема гужва. На селото одиш по планините" , раскажа Козат за АА. Наведува дека ова е на некој начин продолжение на животот кој го водел во Малатија.
Работата која моментално ја работи според неговите зборови привлекува големо внимание. Некои дури зборуваат и дека тие можат да го прават истото, но, Козат смета дека оваа работа не може секој да ја работи.
"Сопствениците на кучињата се важни и познати луѓе, бизнисмени, новинари, писатели, уметници. Ова е одговорна работа. Помеѓу кучињата може да дојде до судир. Меѓутоа до сега не сум имал такви ситуации, бидејќи внимавам на нив како на своите очи. Во раните утрински часови, поточно во шест часот, ги земам кучињата, едно по едно. Во раните утрниски часови, поточно во шест часот, ги зимам еден по еден.Сопсвениците ми веруваат.Имам клучеви од нивните куќи. До пола девет шетам со кучињата. Потоа, правиме пауза, а околу 14 часот имаме уште една прошетка", појасни Козат.
Некои луѓе, напомена тој, негативно гледаат на оваа работа. И покрај се, тој кон својата работа негува посебна љубов.