Ekipa
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп по состанокот со јорданскиот крал Абдула II во Белата куќа изјави дека мора да се преземе нешто по нападот со хемиско оружје во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имам обврска да се преземе нешто против нападот со хемиско оружје во Сирија. Тоа што се случи вчера според мене е неприфатливо“, рече Трамп на прес-конференцијата.
Тој истакна и дека не смеат да се дозволат такви напади врз цивили.
„Не може да се дозволат толку одвратни постапки на Асадовиот режим“, истакна американскиот претседател.
Додаде дека во голема мера го променил ставот кон Сирија и кон Башар ал-Асад.
„Мојот став кон Сирија и кон Асад се промени многу. Овој настан ја премина не само црвената линија, туку, според мене, многу црвени линии“, порача Трамп.
Во вчерашниот напад во којшто Асадовите режимски сили користеа хемиско оружје во Идлиб, убиени се над 100, а ранети се повеќе од 500 цивили. Меѓу настраданите има голем број деца и жени. ОН, ЕУ како и Турција, Велика Британија, Франција и други земји го осудија нападот.