Emre Aytekin
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со воената интервенција на неговата земја, Велика Британија и Франција во Сирија, порача дека нападот е совршено извршен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Синоќешниот напад е извршен совршено. Се заблагодарувам за силната поддршка на Франција и Велика Британија. Резултатот не можеше да биде подобар, задачата е успешно завршена“, напиша Трамп на Твитер.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.