Ali Cura
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека најостро ја осудува операцијата што САД, Велика Британија и Франција ја изведоа врз режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што го објави Кремљ, Путин остро реагира на изведената операција во Сирија.
Путин наведува дека САД и нивните сојузници извршиле ракетен напад врз цивилите и воената структура во Сирија, истакнувајќи дека „без одлука на Советот за безбедност на ОН, нападната е една суверена земја, која првенствено се бори против тероризмот, при што е прекршен статутот на Обединетите нации и прекршени се нормите и принципи на меѓународното право.“
Рускиот претседател Путин наведува дека пред една година, „под изговор за употреба на хемикалии“ врз цивилите во Сирија, САД извеле напад врз базата „Шајрат“, а овој пат го прават истото под изговор дека таков напад е изведен врз Дума, предградието на Дамаск. Путин истакнува дека руските воени експерти на теренот не откриле никакви примероци на хлор или друга отровна супстанца, бранејќи го ставот дека ниту локалното население не го потврдила постоењето на хемиски напад.
Путин во писменото обраќање вели: „Организацијата за забрана на хемиско оружје испрати специјалисти во Сирија за да се разјаснат сите прашања. Но некои западни земји, без да го сочекаат резултатот од истрагата, започнаа воена операција, ги понижија, покажувајќи дека не ги сфаќаат сериозно. Русија најостро го осудува нападот врз легитимната власт на Сирија, на која ѝ дава помош во борбата против тероризмот.“
Рускиот претседател истакнува дека со акциите на САД, уште повеќе се продлабочува човечката катастрофа во Сирија, додавајќи дека тоа може да предизвика нов бегалски бран на сирискиот народ, кој седум години е измачуван од терористите.
„Растот на моменталните тензии во околината на Сирија, има деструктивен ефект врз целиот систем на меѓународни односи. Историјата ќе покаже сѐ. Историјата постави голема одговорност врз Вашингтон, поради масакрите во Југославија, Ирак и Либија“, стои во писмената изјава на Путин.
Освен тоа, Путин соопшти дека Русија свикала итна седница на Советот за безбедност на ОН, со цел дискусија поради агресивните акции на САД и нивните сојузници.