Barış Gündoğan
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Авионите на турските воздушни сили F-4E 2020 и F-16 синоќа ги бомбардираа позициите на терористичката организација ПКК, во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските авиони користеа таканаречена „паметна муниција”, а во текот на акцијата неутрализирани се повеќе претходно утврдени позиции на терористичката организација ПКК.
На авионите на турските воздушни сили поддршка им пружија беспилотни летала, а во текот на акцијата уништени се складишта со оружје, муниција и гориво, а објавени се и видео-снимки од бомбардирањето.