Esra Kaymak,Ali H. M.Abo Rezeg
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, кон крајот на оваа недела планира да престојува во официјална посета на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим на 5 односно 6 јануари ќе ги посети Багдад и Ербил, потврдија за АА извори блиски на турската влада.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, минатиот петок оствари телефонски разговор со ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади. Притоа Ердоган му кажал на ирачкиот премиер дека Јилдирим планира да ја посети земјата во јануари, но не прецизирал датум.
Извори блиски на владите на двете земји истакнаа дека премиерите Јилдирим и Ал Абади во текот на средбата ќе разговараат за најновите регионални случувања, како и за промовирање на подобрувањето на билатералните односи.
Во соработка со локалните сили, турските војници во воениот камп Башика вршат обука на ирачките доброволци за борба против ДЕАШ. Воениот камп Башика се наоѓа на само 12 километри североисточно од центарот на Мосул. Турските сили во кампот, во декември 2015 година, испратија околу 150 војници.