Ali Cura
26 Април 2019•Ажурирај: 27 Април 2019
КИЕВ (АА) - Победникот на претседателските избори во Украина, Владимир Зеленски, по напорната изборна кампања, ќе одмора во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Зеленски, во изјавата дадена преку социјалните медиуми, истакна: „Се договоривме дека ќе бидеме транспарентни. Ете така. Летаме за Турција. Децата ги носам на годишен фестивал за забава“.
Зеленски, наведувајќи дека за прв пат во последните четири месеци ќе одмора за викенд, рече дека во Украина ќе се врати за 2 дена.
Во вториот круг од претседателските избори во Украина, комичарот Владимир Зеленски победи на изборите, освојувајќи 73,22 отсто од гласовите, а неговиот ривал и актуелен претседател Петро Порошенко остана на 24,45 проценти.