Sertaç Bulur
20 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Според информациите на турските вооружени сили (ТВС), продолжуваат акциите во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, насочени кон елиминирање на заканите од ДЕАШ и од останатите терористички организации на турската граница, кои започнаа на 24 август.
Движејќи се кон Баб, ПКК/ПЈД ги зазеде петте населени места (Ал Хаси, Ишијах, Урум ал Курах, Вардиjах, Кавл Суруж) и браната Шахба и воспоставувајќи контрола над овие позиции, продолжи да напредува кон исток. Силите на опозицијата од почетокот на операциите досега воспоставија контрола над 155 населени места.
Поради гранатирањето на одредените 42 позиции на ДЕАШ и 13 позиции на ПКК/ПЈД, терористичките организации поради притисокот под кој се наоѓаат, немаат многу можности за маневрирање.
- Неутрализирани 160-200 терористи на ПКК/ПЈД -
Воздухопловните сили ги бомбардираа новозаземените локации на ПКК/ПЈД, при што беа фрлени 26 бомби врз 18 позиции на терористите. Притоа уништени се 9 објекти, меѓу кои се штабот на терористичката организација, засолништа, магацин за оружје. Во нападот уништени се едно оклопно возило и 4 возила со оружје. ТВС информираат дека на крајот од операцијата, неутрализирани се и околу 160-200 припадници на терористичката организација ПКК/ПЈД.
Коалициските сили во подрачјето на Таанах, лоцирајќи ги припадниците на ДЕАШ, извршија воздушни напади во кои бил неутрализиран еден припадник на ДЕАШ.
При расчистувањето на теренот од терористите на ДЕАШ, на силите од опозицијата во подрачјето се упатени специјални тимови за детекција и деактивирање експлозиви, кои неутрализирале 10 рачно изработени експлозивни направи. Од почетокот на операциите досега се деактивирани 31 мина и 1.218 рачно изработени експлозивни направи.
Единиците на Претседателството за справување со катастрофи и управување со вонредни состојби на Турција и на Црвената полумесечина, заедно со членови на Умерената опозиција на Сирија, на цивилите кои се наоѓаат во ослободените подрачја трипати дневно им делат топли оброци и им овозможуваат здравствена заштита.
Во соопштението се вели дека покрај поддршката што ТВС ѝ ја даваат на Умерената сириска опозиција на северот од Сирија, се преземаат сите превентивни мерки за да не му се наштети на цивилното население.
Од друга страна, единиците на опозицијата во раните утрински часови ги ослободија од ДЕАШ населените места Актарин и Барузах.