Hasan Namlı
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
ДИЈАРБАКИР (AA) - Турските безбедносни сили запленија повеќе од три тона хашиш во операциите што беа насочени против терористичката организација ПКК во турската област Дијарбaкир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Дијарбaкир се вели дека операцијата, која започна на 4 февруари, била насочена кон објектите на терористичките организации во окрузите Хазро и Лиџе.
Освен хашишот, запленето е оружје, спрејови за чистење пиштоли, бројни документи и разновидна опрема.
ПКК којашто се смета за терористичка организација во Турција, Европската Унија и САД, продолжи со воената кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш, ПКК е одговорна за смртта на повеќе од 1.200 турски безбедносни службеници и цивили, меѓу кои има и жени и деца.