Muhammed Boztepe
06 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција, соопшти дека во антитерористичката операција е неутрализиран припадник на терористичката организација ПКК, Муса Четинер, кој го користел и кодното име „Четин Комбат“, а бил и на „црвената листа“ на најбарани терористи во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за терорист кој се сметал за таканаречен „водач на ПКК во Дерсим“, а за кое турското Министерство нудело и парична награда во износ од 4 милиони лири (околу 520.000 евра).
Во соопштението се наведува дека Четинер бил неутрализиран во операција која турската жандармерија ја извршила на 30 јули оваа година во селото Акдик во областа Тунџели.
Идентитетот на неутрализираниот терорист е потврден и со ДНК-тест.
Четинер на врвот на листата на барани терористи во Турција се најде како осомничен за десет тешки кривични дела, вклучувајќи членството во терористичката организација, убиство и загрозување на суверенитетот на Турција.