Tuğçenur Yılmaz
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското МНР, Хами Аксој, во врска со операциите што Турските вооружени сили (ТСК) ги изведоа против елементите на ПКК во Ирак, изјави: „Операциите во рамките на борбата против тероризмот ќе продолжат сѐ додека терористичките организации се вгнездени во Ирак“, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето упатено до турското МНР во врска со операцииите што ТСК ги изведоа против елементите на ПКК на ирачка територија и во однос на поканата до амбасадорот на Турција да го посети ирачкото МНР, портпаролот Аксој даде писмен одговор.
Портпаролот Аксој во текстот истакнува дека повеќе години терористичката организација ПКК, позиционирајќи се на ирачката територија, ја користи оваа земја како база за изведување напади врз Турција. „Како резултат на овие напади, десетици илјади наши државјани ги загубија своите животи. Активностите на терористичката организација ПКК на територијата на Ирак и Сирија станаа прашање за националната безбедност на Турција“, наведува портпаролот Аксој во својот одговор.
Аксој, потсетувајќи дека повеќепати од ирачката Влада било побарано да ја преземе одговорноста што ѝ припаѓа, со цел спречување на активностите на терористичката организација ПКК, во писмениот одговор истакнува „Всушност, членот 7. од ирачкиот Устав ја обврзува ирачката Влада да ја спречи употребата на ирачката територија како база за напади врз соседните земји.“
Посочувајќи дека Турција ги исполнува своите обврски во борбата против тероризмот, кои се во согласност со општите принципи на меѓународната соработка за добрососедски односи и борбата против сите форми на тероризам, портпаролот Аксој истакна дека во овој контекст, на Ирак му е даден секаков вид поддршка во борбата против терористичките организации.
Наведувајќи дека Турција истото разбирање и конкретна соработка ја очекува и од Ирак, Аксој во текстот вели:
„Во случај кога ирачките власти не го спроведуваат она што е потребно во борбата против тероризмот, турските вооружени сили, во согласност со членот 51. од Повелбата на Обединетите нации за основното право на самоодбрана, ќе одговорат на нападите на терористичката организација ПКК насочени кон Турција од ирачка територија. На 13 декември 2018 година Турските вооружени сили (ТСК), спроведувајќи операции врз терористичките елементи вгнездени во Синџар и на планината Карачак во Ирак, ѝ нанесоа тежок удар на терористичката организација ПКК.