Kemal Karadağ
25 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдер Ал-Абади, допатува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Абади на аеродромот Есенбога, во Анкара, беше пречекан од турскиот министер за царина и трговија, Булент Туфенкџи и други официјални претставници на земјата.
Ирачкиот премиер ќе се состане со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а планирана е средба и со турскиот премиер Бинали Јилдирим.