Mehmet Yavaş
03 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турските безбедносни сили денес задржаа најмалку 54 нерегуларни мигранти во северозападната турска област Чанаккале, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската крајбрежна стража ги спаси мигрантите недалеку од брегот на Ајваџик во Чанакале, изјавија безбедносни извори, кои побараа да останат анонимни.
По рутинските здравствени прегледи, сите мигранти се однесени во обласниот центар за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.