Sorwar Alam
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи се вели дека турските безбедносни сили минатата недела притвориле 1.682 лица осомничени за поврзаност со терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерствтото е наведено дека 1.096 осомничени членови на ФЕТО биле претворени во периодот од 19 до 26 декември, а 426 од нив биле уапсени.
ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад обидот за државен удар во Турција, во кој загинаа 248 лица, а повеќе од 2.200 беа повредени.
- ПКК -
Според денешното соопштение, турските безбедносни сили спровеле 220 антитерористички акции во земјата минатата недела.
„Вкупно 508 осомничени лица на ПКК се притворени во истиот период, а 78 од нив се уапсени од страна на властите“, се вели во соопштението.
По сериозни пресметки, турските сили неутрализираа четворица терористи и заробија петмина други во антитерористичките операции.
Исто така биле уништени неколку засолништа, бараки и пештери, заедно со големо количество експлозиви во сопственост на терористичката група.
Од министерството се вели дека голем број парчиња оружје и муниција се исто така запленети за време на операциите.
Покрај тоа, силите притворија и 390 лица поради финансирање на терористичката група, а запленет е и хероин и друг вид дроги, шверцувани цигари, нафта и милиони банкноти.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, а оваа организација ја продолжи својата долгогодишна кампања во југоисточна Турција, убивајќи околу 40.000 лица.
- ДЕАШ -
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се додава дека 78 осомничени лица на ДЕАШ се притворени во рамките на антитерористичките организации, а 12 од нив биле уапсени.
Во борбата против илегалните мигранти, турските сили заробија 1.960 лица во обид илегално да ја преминат турската граница.
Во соопштението се додава дека дваесет и девет лица беа исто така притворени, од кои 13 уапсени, поради организирање шверц на луѓе.