Ayşe Hümeyra Atılgan
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Обвинителите издадоа налози за приведување на 125 полициски службеници во Истанбул заради користење на смартфон апликација за испраќање пораки поврзани со обидот за државен удар од 15 јули, изјави денес официјален претставник на полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа бројка вклучува најмалку 30 заменици шефови на оддели во седиштето на полицијата во градот, изјави изворот, под услов на анонимност.
Налозите се издадени од канцеларијата на истанбулскиот главен јавен обвинител против оние што ја користеле апликацијата за пораки ByLock. Минатата недела беа издадени налози за 166 службеници од целата земја во врска со слични сомнежи.
Се смета дека апликацијата ByLock е користена само од членовите на терористичката организација ФЕТО, која се товари дека стои зад обидот за државен удар.
Апликацијата е пробиена од страна на турските безбедносни агенции пред државниот удар, поттикнувајќи ги пучистите да се префрлат на користење на апликацијата за пораки WhatsApp, но не пред да бидат идентификувани десетици илјади припадници на ФЕТО.
Турција ја обвинува ФЕТО, предводена од страна на Фетула Ѓулен кој живее во САД, за организирање на неуспешниот државен удар, како и за долготрајна кампања за соборување на државата преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.