Diyar Güldoğan
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија вчера погоди најмалку 91 цел на ДАЕШ во северна Сирија како дел од тековната операција „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турските армиски сили издадено денес се вели дека 91 цел на ДАЕШ се погодени со хаубици „фиртина“, тенковски оган, ракети и со минофрлачки гранати.
Во соопштението се додава дека турските авиони уништиле седум цели на ДАЕШ во воздушната операција во регионот.
Турската операција „Штитот на Еуфрат“ е започната на 24 август со цел зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканите од страна на терористичките организации, особено ДАЕШ.
Вкупно 132 населени области во зоната од речиси 1.100 квадратни километри во северна Сирија се преземени од почетокот на операцијата, се вели во соопштението.
Операцијата е во согласност со правото на земјата на самоодбрана кое произлегува од меѓународните договори и од мандатот даден на турските вооружени сили од турскиот Парламент во 2014 година, кое беше продолжено за уште една година во септември 2015.