Sena Güler
04 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека меѓу терористите кои биле неутрализирани во операцијата спроведена на 6 септември во турската југоисточна област Мардин, се наоѓал и терорист кој од листата на најбарани терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека терористот под кодно име „Џума Мардин“ бил неутрализиран во воздушен напад во подрачјето на Нусејбин, југоисточна Турција.
Терористот се наоѓал на црвената листа на барани терористи.
Бараната листа е поделена во пет категории - со црвена боја за најбараните терористи по што следуваат сина, зелена, портокалова и сива.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.