Handan Kazancı
22 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АЈДИН (АА) - Денес се пуштени на слобода шесте лица приведени по убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор потврди дека рано утрово, во турската област Ајдин се ослободени родителите, сестрата, двајцата вујковци и тетката на 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинаш, кој во понеделникот го уби амбасадорот на Руската Федерација, Карлов.
Карлов ја извршуваше функцијата амбасадор на Русија во Турција, а почина во понеделникот, 19 декември, откако неколкупати беше застрелан од огнено оружје додека зборуваше на отворањето на изложба во Анкара.
По овој напад беа уапсени 13 лица, вклучувајќи го цимерот на Алтинаш во Анкара.