Esra Kaymak
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Турските власти соопштија дека како дел од евакуацијата од сириски град Алепо, разорен од војна, 182 тешко повредени цивили се донесени во јужната турска област Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилите се евакуирани и транспортирани до Идлиб, уште еден сириски град под контрола на опозицијата.
Според кабинетот на турскиот премиер, оние што се во критична состојба се испраќааат во болниците во Хатај.
Петнаесет луѓе не можеа да бидат спасени. Осумдесет од 182 лица, 71 од нив деца, се префрлени во други турски градови, а од болница се отпуштени 23 лица.
Минатата недела сириските опозициски сили и режимот со посредство на Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот, заради евакуирање на цивилите од источнио Алепо во побезбедни области во Идлиб, град контролиран од опозицијата.
Претходно турскиот премиер Бинали Јилдирим соопшти дека досега се евакуирани 40.000 луѓе од областа.