Ekip
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ЏАНКИРИ/ШАНЛИРУФА/ИСТАНБУЛ (АА) - Полицаецот Хасан Гулхан, студентот Мустафа Дирекли, професорот Илхан Варнак се само некои од имињата од оние кои загинаа во обидот за државен удар кој го изведе групата војници лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во петок во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицаецот Хасан Гулхан (46) загина во судир со учесниците во обид за пуч до кој дојде во Анкара. Тој е погребан денеска во родниот град Џанкири. Неговото семејство и блиските пријатели го преземаа кофчегот со неговото тело.
Шефот на полицијата Џенгиз Озтурк во Џанкириј во обраќањето на комеморацијата зборуваше за храброста на загинатиот полицаец.Гулхан беше припадник на одделот за борба против тероризмот. Озтурк рече дека болката е немерлива, но порача дека проклетството на тероризмот ниту паралелните структури не можат да ја разделат земјата.
На погребот, покрај семејството и пријателите присуствуваа и колеги од работа, како и бројни државни службеници.
Полицаецот Гулхан е погребан покрај својот брат кој животот го загубил во Малатија, градот во централниот дел на Турција, поручникот Јилмаз Гулхан.
Мустафа Дирекли (20) е студент кој загина во судир со учесниците во обидот за пуч во Истанбул. Неговото тело е транспортирано во Шанлируфа, град на југот од Турција. Болката на семејството и пријателите како и нивните солзи кога го видоа ковчегот беше немерлива.
Гувернерот на Шанлируфа Гунгор Азим Туна порача дека Мустафа Дирекли ќе продолжи да живее во срцата, не само на семејствата и пријателите туку и на неговите сограѓани. Дирекли беше студент на втора година на приватен факултет во Истанбул, а застрелан е во близина на аеродромот „Сабиха Ѓокчен".
Во обид за државен удар во Турција загина и професорот Илхан Варнак (45), братот на советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Мустафа Варанк. За него е организирана комеморација во кампусот на Универзитетот "Yildiz Teknik" (YTU) во Истанбул, каде што предаваше. На комеморацијата говореше ректорот на универзитетот Исмаил Јуксек, кој истакна дека нивниот просветен работник Варнак е убиен во текот на ужасниот настан.
„Тешко е да се разбере загинување на научник кој се најде помеѓу пучисти и полицијата", нагласи Јуксек.
Варнак заврши мастер и докторски студии за информациски технологии (ИТ) на државниот универзитет Охајо во САД.
Варнак беше бешу граѓаните собрани пред зградата на градската управа во Истанбул, кои сакаа да изразат незадоволство со обидот за државен удар. Професорот Варнак беше женет и татко на две деца.
Во Ерзурум и многу други градови ширум Турција граѓаните собрани на плоштадите извршија верски обред во отстуство за загинатите во обидот за државен удар во петокот вечерта.