Firdevs Bulut Kartal
04 Септември 2026•Ажурирано: 04 Септември 2026
Системите за наведување развиени од АСЕЛСАН беа тестирани на Меѓународната демонстрациска активност на системи за наведување, на која учествуваа воени претставници од повеќе од 15 земји, пренесува Анадолу.
Според соопштението на компанијата, во рамките на активноста одржана на полигонот за тестирање на гаѓање Карапинар во турската област Коња, со ЛГК-84, член на семејството ЛГК наменет за тешка муниција, беа изведени два одделни истрела од платформата Ф-16.
При првиот истрел со ЛГК-84 беше гаѓан оклопен транспортер, додека при вториот истрел беше погодена цел - тенк. И двете муниции со прецизен погодок ги неутрализираа своите цели.
Системот ЛГК-84 на АСЕЛСАН, кој располага со технологија за ласерско наведување, на тој начин ја демонстрираше својата способност за високопрецизно погодување фиксни копнени цели пред меѓународните учесници.
Покрај истрелите со ЛГК-84, во рамките на демонстрациската активност од платформата на вооруженото беспилотно летало АКИНЏИ беа употребени и две различни наведувани муниции.
ЛГК-82, исфрлен од АКИНЏИ, со прецизен погодок погоди оклопен транспортер. Комплетот за наведување ЃОЗДЕ, развиен во соработка со ТУБИТАК, исто така успешно ја погоди целта при истрелот изведен против цел што се движела со брзина од 50 километри на час.
Во рамките на демонстрацијата, сите цели при двата истрела со ЛГК-84, еден истрел со ЛГК-82 и еден истрел со ЃОЗДЕ беа погодени со прецизен погодок.