Haydar Toprakçı
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ЕРЗУРУМ (АА) - Најмалку еден војник загина, а тројца полицајци се повредени во терористички напад што се случи рано утринава во источната турска покраина Тунџели, јавува Anadolu Agency (AA).
Во раните утрински часови извршени се паралелни напади врз станици на полицијата и жандармеријата во населбата Назимије, а по нападот дојде до оружен конфликт меѓу припадниците на турските безбедносни сили и терористите.
Во размената на оган, животот го загуби еден турски војник, а тројца полицајци беа повредени.
Повредените полицајци со хеликоптери се префрлени во болница во Тунџели.
Терористите при бегство успеаја да запалат две возила на итната медицинска помош, а со реакција на противпожарните бригади пожарот е изгаснат.
Турските безбедносни сили започнаа опсежна акција со цел неутрализирање на групата терористи кои го извршија нападот утринава.