Handan Kazancı
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
ИЗМИР (АА) - Уште четириесет полицајци, вклучувајќи и службеници од висок ранг, се задржани во притвор поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО во зaпадната турска покраина Измир, соопштија денес судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените се товарат дека се членови на вооружена терористичка организација.
Претходно, судот во Измир издаде налог за апсење на 102 полициски службеници во градот.
Беа приведени 95 полицајци, а 53 од нив беа задржани во притвор поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која е обвинета дека стои зад обидот за државен удар на 15 јули во кој загинаа над 240 луѓе, а 2.200 беа повредени.
Десетици илјади лица - главно наставници и државни службеници во полицијата, војската, судството - се уапсени поради можна поврзаност со обидот за државен удар на 15 јули.
ФЕТО се товари за водење долготрајна кампања за соборување на државата преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството, создавајќи т.н „паралелна држава”.