Sultan Çoğalan
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за Европска Унија на Турција, Омер Челик, даде одговор на новинарски прашања во врска со случувањата деновиве, на уредничкиот панел на АА.
Во својата изјава Челик вели: „Делувањето на ПЈД на северот од Сирија не е во прилог на Курдите, туку е во прилог на една терористичка организација“.
„Тоа што некои портпароли на одредени држави велат дека меѓу Турција и курдските елементи, мислејќи на ПЈД, е постигнат компромис, или прекин на огнот, не го прифаќаме во никој случај. Република Турција е суверена и легитимна држава. Не може да се оцени дека има помирување и договор со една терористичка организација, ставајќи ја таа организација на исто ниво“.
За изјавите во врска со обидот за државен удар на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, тој рече: „Тие нам ни впериле пушки, а ние требало трезвено да се однесуваме кон нив. Оној што ми препорачува да бидам трезвен кога некој сака да ме убие, не е на моја страна“.
„Турција нема потреба од тие пари“
„Комесарот за проширување Јоханес Хан изјавил дека Турција има потреба од тие (европските) пари. Не, Турција нема потреба од тие пари. Второ, Турција не е на продажба. Хан треба да биде свесен дека со ваквите изјави ја саботира придобивката што произлегува од овој процес меѓу ЕУ и Турција“, додаде во својата изјава Челик.