Fatih Erel
27 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Извршниот одбор на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја избра Германија за организатор на Европското фудбалско првенство кое ќе се игра во 2024 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес во седиштето на УЕФА, во швајцарскиот град Нион, гласаа 17 официјални претставници на УЕФА, вклучувајќи го претседателот на УЕФА, 5 потпретседатели и 11 члена на Извршниот одбор.
Во изборот гласаа претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, шведскиот потпретседател Карл-Ерик Нилсон, португалскиот колега Фернандо Гомез, Украинецот Григориј Суркис, италијанскиот потпретседател Мишел Ува и Британецот Дејвид Гил.
Членовите на Извршниот одбор кои гласаа се: Збигњев Бониек, Шандор Чани, Џон Деланеј, Питер Гилерон, Флоренс Хардуин, Борислав Михајлов, Хуан Луис Лареа Саробе, Давор Шукер, Михаел ван Праг, Андреа Агнели и Иван Газидис.
На гласањето, поради здравствени проблеми не присуствуваше шведскиот член на Извршниот комитет, Ларс-Кристер Олсон.
Турскиот член на Комитетот, Сервет Јардимџи и германскиот потпретседател на УЕФА, Рајнхард Гриндел, немаа право на глас, поради тоа што доаѓаат од земјите кандидати.
Германија беше домаќин на ЕВРО натпреварот во 1988 година, а светските првенства ги организираше двапати, и тоа во 1974 и во 2006 година.