Ivana Ramadanova
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Уставниот суд со мнозинство денеска го изгласа укинувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Со укинувањето на измените во Законот за помилување од 2009 година, Претседателот на државата ќе може да помилува лица обвинети за изборни нерегуларности и педофилија како и наркодилери.
Иницијативата за укинување на измените на Законот за помилување беше донесена во 2009 година со која му беше ограничено правото на претседателот за помилување на овие лица.
Одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник на РМ. Судот соопшти дека одлуката и образложението за неа ќе бидат објавени на интернет-страницата на Уставниот суд.
Претходно Судот одлучи да заседава на затворена седница. Досегашната пракса беше седниците на Судот да бидат отворени за јавноста.
Со укинувањето на измените и дополнувањата на Законот за помилување од 2009 година, претседателот Иванов ќе може да запре и кривични постапки.