Haydar Hadi
02 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Училиштата на терористичката организација ФЕТО во Ирак ќе преминат во надлежност на Министерството за образование на Ирак и во нив ќе бидат вработени ирачки наставници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Министерството за образование на Ирак, за 9 училишта е започната постапката за преминување во надлежност на Министерството за образование. По завршувањето на постапката во оваа насока, училиштата ќе преминат во рамките на Министерството за образование.
Во овие училишта, наставен јазик е англискиот и наставата се одвива според наставната програма на државата Ирак. По завршувањето на постапките, во овие училишта ќе се вработат ирачки наставници кои ќе предаваат на англиски јазик. Ирачките власти соопштија дека во врска со утврдувањето на наставниот кадар и наставните предмети, Министерството за образование ќе се консултира и ќе се координира со амбасадата на Турција во Ирак.
Беше соопштено дека одлуката за преминување на училиштата во надлежност на Министерството за образование е донесена на 15 октомври и дека овие училишта ќе бидат исчистени од елементите на ФЕТО.
- Иницијативите почнаа да даваат резултати -
Турскиот амбасадор во Ирак, Фарук Кајмакчи, во изјавата за новинарот на АА во врска со училиштата на ФЕТО рече дека иницијативите коишто траат 2,5 години почнаа да даваат резултати.
Кајмакчи истакна дека се предвидени средби меѓу Министерството за национално образование на Турција и Министерството за образование на Ирак, како и со Фондацијата за образование на Турција, со цел да се завршат постапките, и дека Турција ќе продолжи да го поддржува Ирак во сите области, вклучувајќи го и образованието.