Furkan Abdula
01 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АБУ ДАБИ (AA) - Фудбалската репрезентација на Катар во финалето на Азискиот Куп ја совлада Јапонија со 3:1 и стана азиски првак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во мечот кој се играше на „Стадионот Зајед Спортс Сити" во Абу Даби, селекцијата на Катар поведе веќе во 12 минута со голот на Али Алмоез. Предноста ја зголемија со голот на Абдулазиз Хатими во 27 минута, што и беше резултат во првиот дел од играта.
Репрезентацијата на Јапомина усепа да дојде до погодок во 69 минута преку Такуми Минами.
Сепак, тимот на Катар ја зголеми предноста на 3:1 во 82 минута со голот на Екрем Афиф од пенал. До крајот резултатот не се менуваше а фудбалската репрезентација на Катар за прв пат стана првак на Азија.
Инаку, ова за репрезентацијата на Катар беше прво финале од Азискиот куп. Јапонија и понатаму е најуспешна селекција во Азискиот куп со четири титули, а потоа следуваат Иран и Саудиска Арабија со по три титули.