Doga Kirmizioglu
01 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Во Американската кошаркарска лига (НБА), Филаделфија 76’ерс на гостински терен ја совлада екипата на Голден Стејт Вориорс со резултат 113 : 104, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската кошаркарска лига синоќа продолжи со 6 натпревари.
Претставникот на Источната конференција, Филаделфија 76’ерс, гостуваше во Западната конференција, каде што го совлада лидерот Голден Стејт Вориорс со резултат 113 : 104 и ја освои 34. победа во сезоната.
Во екипата на Филаделфија, Бен Симонс постигна 26 поени, 8 скока и 6 асистенции, Џоел Ембијад 20 поени, а Џ. Џ. Редик 15 поени.
Стеф Кари го одигра натпреварот со 41 поен, 6 асистенции и 4 скока, но тоа не беше доволно Голден Стејт Вориорс да не биде поразен. Кевин Дурант постигна 25 поени.
- Леброн се врати со победа
Во дербито во Лос Анџелес, екипата на Лејкерс на гостински терен во продолжение ја совлада екипата Клиперс со резултат 123 : 120. Регуларниот тек на натпреварот заврши со резултат 112 : 112.
Со оваа победа екипата на Лејкерс ја освои 27-та победа во сезоната. Ол-старот Леброн Џејмс се врати повторно на теренот бидејќи поради повреда не играше 17 натпревари. Џејмс го заврши натпреварот со постигнати 24 поени, 14 скока и 9 асистенции. На натпреварот Ленс Стивенсон постигна 20 поени, Брендон Инграм 19, а Роџон Рондо покрај 14-те поени имаше и 13 скока.
Во екипата на Клиперс, 7 играчи достигнаа двоцифрени бројки, најдобар стрелец беше Лу Вилијамс, кој постигна 24 поени, а Патрик Беверли постигна 17 поени.
- Резултати
Детроит Пистонс - Далас Маверикс: 93 : 89
Орландо Меџик - Индијана Пејсерс: 107 : 100
Торонто Рапторс - Милвоки Бакс: 92 : 105
Сан Антонио Спарс - Бруклин Нетс: 117 : 114
Голден Стејт Вориорс - Филаделфија 76’ерс: 104 : 113
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Лејкерс: 120 : 123 (во продолжетоци)