Adel Ömeragiç
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Владо Змајевиќ (47) од Никшиќ е уапсен утрово, поради сомнеж дека сторил кривилно дело, воено злосторство против цивилното население, јавува Anadolu Agency (AA).
Змајевиќ е уапсен по налог на Специјалното обвинителство, а го уапсија припадниците на специјалниот полициски тим на Обвинителството.
„По налог на Специјалното државно обвинителство, припадниците на специјалниот полициски тим во соработка со припадниците на Управата на полицијата ЦБ на Никшиќ, го лишија од слобода В.З поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело - воено злостроство против цивилно население. Осомничениот во просториите на Обвинителството ќе биде сослушан од страна на специјален обвинител, по што ќе биде донесена одлука за понатамошно постапување”, се наведува во соопштението на Специјалното државно обвинителство.
Владо Змајевиќ е осомничен дека во 1999 година, во време на воените случувања во Косово, во селото Жегра кај Гњилане, убил седум лица, пет мажи и две жени.
Змајевиќ е црногорски државјанин, а во Косово војувал како доброволец.