?????
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската полиција соопшти дека во притвор држи две лица осомничени за поврзаност со терористичките напади во Париз во ноември минатата година, при што загинаа 130 лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Федералното обвинителство денес објави дека станува збор за белгискиот државјанин Закарија J. и мароканецот Мустафа Е. за кои се верува дека се поврзани со неколкумина осомничени за нападите во Париз.
Двајцата беа уапсени вчера за време на рацијата на полицијата направена во бриселската населба Моленберг, каде престојувале и живееле неколкумина осомничени.
За време на претресот не е пронајдено оружје или експлозив.