Nazlı Yüzbaşıoğlu
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, остро реагираше на обвиненијата што израелскиот премиер ги упати кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродган, изјавувајќи „(Бенјамин) Нетанјаху е ладнокрвен убиец на модерните времиња, тој е одговорен за масакрот на илјадници недолжни Палестинци“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер Чавушоглу со својот коментар на социјалната мрежа Твитер објави и фотографии од 16-годишниот Февзи ел Џунеид, кој со врзани очи е приведен од страна на израелските војници и од Палестинецот Фади Абу Салах, кој во инвалидска количка учествуваше на протестите, кога беше и убиен, се лицата кои станаа симбол на отпорот за Ерусалим (Кудс).
Чавушоглу го објави коментарот како реакција на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху против турскиот претседател Ердоган.
Во пораката, шефот на турската дипломатија, вели „Веднаш се навредил окупаторот кој ги клоца луѓето што лежат на земја. Ладнокрвниот убиец на модерните времиња, Нетанјаху, кој ги бомбардира децата додека си играат на плажа, одговорен е за масакрот на илјадници недолжни Палестинци. Турција никогаш нема да запре со откривањето на вистината.“