Özcan Yıldırım
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, одговори на критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, упатени на сметка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Порпаролот Калин, во својата објава на социјалната мрежа Твитер истакна дека израелскиот премиер Бејамин Нетанјаху повторно е многу вознемирен од фактот што турскиот претседател Ердоган повикува на согледување на вистината.
Калин на Твитер напиша: „(Бенјамин) Нетанјаху, кој има проблеми поради истрагата против него во Израел, се обидува да го оттргне вниманието, но за жал, залудно. На никаков начин не може да ја прикрие израелската политика на окупација и угнетување“.
Израелскиот премиер претходно преку Твитер упати критики кон турскиот претседател во врска со антитерористичката операција во Сирија и за кипарското прашање.