Etem Geylan,Zehra Melek Çat,Mücahit Türetken
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим денес во Истанбул изјави дека Европскиот парламент има помрачување на умот во врска со одлуката која ја донесе за операцијата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим се обрати на конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Истанбул, а во таа прилика се осврна на операцијата „Маслинова гранка“, но и а одлуката на Европскиот парламент во која ја повикува Турција, да ја запре операцијата „Маслинова гранка“
„Операцијата се продолжува со полна брзина. ЕП стана и направи галама. Може да се разбере дека ЕП има помрачување на умот. Не се во состојба ниту на нас, ниту на целиот свет да му објаснат зошто се противат на борбата која Турција ја води против тероризмот“, порача Јилдирим.
Тој нагласи дека „Маслинова гранка“ е мировна операција и дека таа со право се води против тероризмот.
„'Маслинова гранка' е една мировна операција. Тоа е операција која со право се води против тероризмот. Тоа е операција која ја водиме поради безбедноста на нашите граници, за безбедноста на животот и имотот на нашите граѓани“, вели турскиот премиер.
Тој исто така порача дека операцијата „Маслинова гранка“ можела да биде завршена во многу краток период, но се посветува посебно внимание за да не страдаат цивилите
„Оваа операција би можела да биде завршена за многу краток период. Но, ние тоа го правиме на начин што посветуваме посебно внимание за да не страат цивилите. Тоа е потребно посебно да се истакне“, порача Јилдирим.