Burcu Çalık
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во Анкара по одлуката на ирачкиот парламент изјави: „Што ѝ да каже ирачката влада во Багдад, Турција ќе го продолжи своето присуство на тие простори во борбата против тероризмот на ДАЕШ и против намерната промена на демографската структура во регионот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој додаде дека основна заложба на Турција е прекин на крвопролевањето на тие простори.
„Наша основна заложба е да се прекине со човечката драма на тие простори и да се спречи понатамошното пролевање крв. Додека во Ирак се присутни голем број несоседни земји, ирачката влада треба да ја знае границата на однесување кон Турција, која има длабока историја во регионот“.
Турскиот премиер Јилдирим рече дека основна цел на операцијата 'Штитот на Еуфрат' е обезбедување на границите на Турција и обезбедување на животите и имотите на турските граѓани кои живеат во тие подрачја.
„Основна цел на операцијата 'Штитот на Еуфрат' е обезбедување на границите на Турција и обезбедување на животите и имотите на нашите граѓани кои живеат во тие подрачја. Досега од терористичките елементи е рачистена теротирија со големина од околу 1.000 километри квадрати и започнато е со сместување на сиријските бегалци кои потекнуваат од тие подрачја.“