Gülşen Topçu
06 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
ДИ КАР (АА) - Демонстрантите во покраината Ди Кар на југот на Ирак ги запалија куќите на тројца пратеници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според безбедносни извори, демонстрантите го запалиле домот на пратеникот Наџи ес-Саиди од коалицијата „Саирун“, домот на пратеничката Муна ал Гураби од коалицијата „Ал Фатах“ и на пратеничката од коалицијата „Законодавна држава“, Зејнеп ал Хазреџи.
Се истакнува дека во настанот немало загуба на животи и дека тимовите на Цивилната одбрана продолжуваат да ги гаснат пожарите.
Високата стапка на невработеност, корупцијата и сѐ потешката безбедносна и економска ситуација се повод за антивладините протести во Ирак.
Протестите кои започнаа на 1 октомври, по прекинот поради прославата по повод Арбаин, во петокот на 25 октомври започнаа повторно.
Ирачката мисија на Обединетите нации (ОН) соопшти дека 254 демонстранти се убиени и илјадници се повредени во демонстрациите од 1 октомври.