Ivana Ramadanova
08 Јули 2016•Ажурирано: 09 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за одбрана на Република македонија Зоран Јолевски, при денешните одвоени средби со министрите за одбрана на Турција, Естонија, Италија, и Шведска, на маргините на самитот на НАТО што се одржува во Варшава, Полска, истакна дека Република Македонија го заслужи местото како полноправен член на НАТО, соопштија од ресорното министерство, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Со спроведените реформски зафати, учеството во мировните мисии предводени од Алијансата, потврдената интероперабилност со Армиите на земјите-членки за време на НАТО воената вежба Анаконда, како и фактот дека Македонија и НАТО ги споделуваат истите вредности и цели на глобално ниво, како мирот, демократијата и безбедноста, ние јасно покажавме дека местото на Македонија е во НАТО, порачал Јолевски.
Според соопштението, Јолевски истакнла дека македонија ќе продолжи да работи за да остане подготвена за членство во НАТО. Се наведува и дека министрите за одбрана истакнале дека ја подржуваат Македонија во нејзините аспирации да стане дел од Алијансата.
„Ќе продолжиме да придонесуваме кон безбедноста на регионот и на Европа, впрочем тоа го докажавме со начинот со кој се справивме со мигрантската криза. Ние сме сериозен и кредибилен парнтер, но мораме да го направиме и следниот чекор, односно да бидеме полноправен член на НАТО", потенцирал Јолевски.