Sefa Şengül
17 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Технолошките компании „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Сони“ (Sony), кои се активни на глобално ниво и претставуват конкуренти на светскиот пазар на конзоли за играње, договараат партнерство за сервисот „Клауд“ (Cloud), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави британската информативна куќа „Би-би-си (BBC), јапонскиот технолошки гигант „Сони“ ќе го користи клауд- системот „Azure“ на својот најголем конкурент во полето на играчките конзоли. Покрај тоа, двете компании ќе соработуваат и на полето на системите за вештачка интелигенција и полупроводнички технологии.
Кеничиро Јошида, висок раководител од „Сони“, во врска со партнерството изјави: „Можеби и двете компании се конкуренти на некои полиња, но „Мајкрософт“ долга низа години е наш клучен партнер“.
Сатја Надела, висок раководител од „Мајкрософт“, рече дека долги низа години „Сони“ е лидер и на полето на забавата и на полето на технологијата, посочувајќи дека партнерството меѓу двете компании ќе влезе во историјата на иновации.