Gökhan Ergöçün
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ГАЗИАНТЕП
Агенција Анадолија го следи најголемиот фестивал во Турција за воздухопловство, вселена и технологија „Технофест“ и за него објавува на 13 јазици, известува Агенција Анадолија (АА).
„Агенција Анадолија е глобален комуникациски партнер на настанот уште од неговото започнување во 2018 година“, нагласи Шабан Кизилдаг, член на одборот на агенцијата.
„Агенцијата презеде важна задача да го покрие „Технофест“ за домашните и глобалните медиуми“, истакна тој.
„Како 100-годишна турска агенција, чест ни е што сме глобален партнер за комуникација на овој настан“, рече тој.
„Националниот технолошки потег е чекор напред во развојот на земјата“, изјави тој.
Националниот технолошки потег се однесува на трансформација на технолошката индустрија во Турција преку локални и уникатни концепти создадени од сопствени луѓе. Терминот првпат беше употребен во 2017 година.
Четиридневниот фестивал „Технофест“ започна во четвртокот во југоисточната област Газиантеп и ќе заврши в недела.
Оваа година на настанот ќе има помалку посетители и ќе се емитува во живо преку платформите на социјалните мрежи, поради пандемијата.
Годишниот настан беше закажан за во април, но беше одложен поради пандемијата.