Emel Öz Gözellik
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во Велика Британија се пронајдени фосили стари 145 милиони години, остатоци од две животни кои се сметаат за предци на цицачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Д-р Стив Свитман од Универзитетот во Портсмут, истакна дека во подрачјето на Дорсет, кој се наоѓа во јужниот дел на Британија, откриени се фосилизирани заби од две животни слични на изумрен глодар.
Свитман информираше дека за време на истражувањето на фосилизираните заби на животните кои се сметаат за предци на денешните цицачи, откриле оти едното од нив се хранело со инсети, а другото со растенија.
Исто така, Свитман вели дека забите на цицачите биле мошне развиени, со што можеле да ја сечат и да дробат храната.
Се истанува дека фосилите се пронајдени на карпесто место во подрачјето на Дорсет, од страна на еден студент.
Наодите од ова откритие се објавени во списанието „Acta Palaeontologica Polonica“ (Акта палаеонтологика полоника).